Спасовски: Вељаноски не смее да ја води конститутивната седница

by fokus

Социјалдемократскиот Сојуз бара контитутивната седница закажана за утре да ја води најстариот пратеник во Собранието, наместо како што инсистираат од ВМРО-ДПМНЕ, претседавач да биде Трајко Вељановски.

-Досегашниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски планира да ја води конститутивната седница, што е спротивно на Деловникот и на собраниската пракса, бидејќи најстариот пратеник претседава со конститутивната седница – вели генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.

Од СДСМ бараат седницата да ја води најстариот пратеник, Бранко Манојловски од редовите на ДУИ.

Поврзани новости