418
Оливер Спасовски од СДСМ денеска не сакаше да одговори дали во новата преодна влада кој треба да се формира до крајот на неделава тој повторно ќе биде министер за внатрешни работи.
-Вечерва ќе заседаваат највисоките органи на партијата и таму ќе се одлучи кои ќе бидат имињата на министрите и на замениците министри, изјави Спасовски.
Тој денеска присуствуваше на презентацијата на истражувањето „Ставот на граѓаните околу работата на полицијата“ и рече дека мора посветено да се работи на искоренување на корупцијата во политиката и на враќање на довербата на граѓаните во оваа институција.