Ад хок телото денеска ќе го избере членот за кој се согласија лидерите

by fokus 11:24
11:24

Ад хок телото за следење на медиумите ќе се состане денеска во 12 часот за да го избере петтиот свој член.

Откако четворицата членови на телото не успеаја да се договорат, на вчерашната лидерска средба, партиските лидери се согласија тоа да биде Љуљзим Хазири, НВО активист, универзитетски професор и поранешен дописник на МРТ од Гостивар.

Откако ад хок телото ќе биде комплетирано, ќе треба да донесе деловник за работа и да почне да ги разгледува извештаите од мониторингот што го прават стручните служби на Агенцијата за медиуми.

 

 

Поврзани новости