Спасовски уверува дека државата се грижи за граѓаните

by Fokus

За граѓаните најважно е да почувствуваат дека државата е тука за нив и дека не се оставени сами на себе, дека има кој да се грижи и да даде одговор во вакви едни вонредни ситуации, наведе на неговиот фејсбук-профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, осврнувајќи се на вчерашните пожари во земјава.

Тој потсети дека во текот на вчерашниот ден, на Илинден, во земјава избувнаа 13 пожари.

– Во текот на вчерашниот ден на Илинден имавме 13 активни пожари, што беше причина да ја напуштам свеченоста на Мечкин Камен во Крушево за да бидам заедно со граѓаните, локалната самоуправа, таму кадешто имаше потреба, бидејќи 13 активни пожари со тенденција за зафаќање на огромни површини, загрозени живеалишта на луѓе, човечки животи итн, сето тоа требаше да биде одговор на државниот апарат, целиот систем да профункционира на соодветен начин и да можеме да ги локализираме овие пожари, наведе Спасовски.

Поврзани новости