Трајановски: Македонија гори, а одговорните си тераат прослави!

by Fokus

Како човек што бил градоначалник на општина, на главен град, Претседател на ЗЕЛС и претставник на граѓаните во законодавниот дом точно знам како треба да функционира системот за време на кризни ситуации и со какви се аномалии се соочуваа системот за заштита и спасување во Република Македонија, реагира поранешниот скопски градоначалник, Коце Трајановски.

„Но никако не можам да разберам дека веќе втора година не е направен сервис на авионите за гаснење пожари и истите не се во функција, не можам да разберам како тоа војската не може да делува за време на ноќта,не можам да разберам како функционерите кои се поставени да раководат со институциите кои се одговорни за кризни ситуации, си дозволуваат доцна да реагираат во вакви ситуации како вчера во Кочани. Не можам да разберам Македонија гори а одговорните да си тераат прослави, па тек по реакциите на јавноста на полноќ да се мобилизираат. Тоа е недомакинско и крајно неодговорно однесување,ние како политичари сме сервис на граѓаните и во добро и во лошо ние сме тие што треба да ги сервисираме нивните потреби“, пишува Трајановски.

Поврзани новости