Спасовски: Соработката со фондацијата Заев значи европска трансформација на општественото живеење во државата

by Fokus

„За време на посетата на Струмица, со особена чест ја посетив Фондацијата Заев, при што остварив средба со мојот драг пријател, директорот на Фондацијата, Зоран Заев.

Благодарност од срце за иницијативите на Фондацијата Заев за остварувањето на образовни, социјални, научни и хуманитарни интереси, преку унапредување, поддршка и развој на граѓанското општество, деловната заедница, културата, спортот, уметноста, јавното здравје, едукацијата на млади во различни области и заштита на животната средина.

Продолжуваме со соработката која значи европска трансформација на општественото живеење во нашата држава“ напиша на Фејсбук министерот за внатрешни рабоит Оливер Спасовски.

Поврзани новости