Спасовски: СДСМ прави едно опшество за сите граѓани

by Фокус

-СДСМ прави едно општество за сите. Тоа е нашата цел. Тоа е пораката што сакам да ја пратам денеска. Дека подеднакво важни се сите граѓани на Република Македонија, без разлика на верската, политичката, етничката припадност. Заеднички да ја градиме Македонија, рече идниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој денеска беше во посета на Гостивар.

Според него, власта на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ прави се за да креира меѓуетнички тензии и настани зa граѓаните да ги одврати од секојдневните проблеми и додека тие мислат на меѓуетничките тензии, власта да се богати.

-Целта на СДСМ не е да владее со Груевски, туку да биде контролен механизам. Во тој дел сакам да кажам сите вработени во МВР да бидат релаксирани, заради тоа што нема да влезам во МВР и во другите министерства да разрешуваме и да бираме политики. Ние сакаме да бидеме контролор на оваа власт и навистина секој министер да создаде минимум тим со кој ќе може да работи, рече Спасовски.

Поврзани новости