Спасовски на консултации пред третиот сет на економски мерки

by Фокус

Премиерот Оливер Спасовски денеска го одржа третиот состанок со членовите на Економскиот совет, гувернерката на Народната банка, претставници на коморите, синдикални претставници, на кој, како што соопштија од владата, било разговарано за третиот сет економски мерки на Владата.

„На средбата е разговарано за актуелната економска состојба во време на здравствената криза, за досегашната поддршка во економијата со претходните два сета економски мерки, за новите потребни мерки и за проекциите за можна ревитализација на економски план. Разменетите мислења, сугестии, предлози околу новите мерки како државна помош во економијата, како што е најавено, ќе бидат земени предвид при финализирањето на новиот сет економски мерки“, соопштија од владата.

Поврзани новости