Спасовски: Мора да прифатиме дека уште долго ситуацијата нема да биде како пред пандемијата

by fokus

Премиерот Оливер Спасовски објасни дека животот уште долго време нема да биде во онаа нормалност како пред да започне пандемијата со корона вирусот, а секојдневие ќе ни биде личната заштитна опрема и држењето дистанца.

-Во моловите нема да биде дозволено примање гости во рестораните и кафулињата, освен преку шалтер и достава. Скратено работно време од 10 до 18 часот, без недела. Остануваат задолжителни сите превентивни мерки како задолжително регулирање на бројот на лицата внатре во молот, задолжителни маски.
Од утре со работа може да почнат и обложувалниците преку шалтер.
Мора да прифатиме дека уште долго време нема ситуацијата да биде иста како пред пандемијата. Секојдневие ќе ни биде заштитна опрема, дистанцата и редовна дезинфекција, рече Спасовски.

Поврзани новости