Отворањето на угостителските објекти ќе биде на дневен ред наредната недела

by fokus

Наредна недела ќе се разговара кога би се отвориле угостителските објекти, но тоа најмногу зависи од одговорното однесување на граѓаните, најави премиерот Оливер Спасовски.

-Предвидено е во која фаза ќе почнат со работа угостителските објекти, под посебни протоколи. Очекувам дека веќе наредната недела ќе разговараме за следниот сет на разлабавување на мерките. Но, тоа ќе зависи колку ќе покажаме одговорност како граѓани и ќе го сопреме ширењето на вирусот, рече Спасовски.

Поврзани новости