Спасовски: Да се седи дома и да не се излегува без нужна потреба

by Fokus

Првпат во историјата има ограничување на движењето и граѓаните треба да се однесуваат одговорно, да се почитуваат одлуките и да се почитува забраната за движење за време на полицискиот час, но да се почитуваат препораките и преку ден, порача техничкиот премиер Оливер Спасовки за време на вечерашната обиколка во Чаир.

-Ова е битка на сите нас, колку сме поодговорни толку полесно ќе се справиме, апелирам да се седи дома и да не се излегува без нужна потреба и на овој начин ќе застанеме во борбата против вирусот, заедно сме во оваа битка, да останеме здрави, порача Спасовски.

Поврзани новости