Комисијата утре ќе расправа за комбинацијата на лек против маларија и сумамед за лекување на коронавирусот

by Fokus

Стручниот колегиум на Комисијата за заразни болести на утрешниот состанок ќе го разгледува протоколот на некои земји за комбинација на лек против маларија и антибиотик кој покажал добри резултати во лекување на ковид-19, по што ќе се заземе став и за кај нас, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

-Тоа е комбинација на лекови против маларија и еден антибиотик. Во фаза е изготовка на протокол и согласно тоа ќе се донесе став. Има во светот студии кои покажуваат дека оваа комбинација дава резултати. Антибиотикот го имаме, а следните денови ќе се добијат и соодветна количина на лекот за маларија, рече Филипче.

Во врска со тоа со колку тестови за коронавирус располага државата, Филипче рече дека во овој момент има 1.400, набавиле уште 1.000 и има најави дека може да има секоја недела по 1.000. Од ИЈЗ има најави за набавка на уште 5.000, и оваа бројка според него е сосема доволна. Тој уште еднаш повтори дека од утре преку матичните лекари ќе може да се утврдува според алгоритам, дали некој треба да биде тестиран или не и врз основа на тоа ќе се закажуваат тестирања на пунктовите. Потврди дека лабораторијата во клиниката „Жан Митрев“ според стручните лица во ИЈЗ ги исполнува условите за тестирање.

Поврзани новости