Спасовски: Благодарност до сите граѓани кои помогнаа состојбата да се нормализира

by Fokus

Премиерот на Северна Македонија, Оливер Спасовски преку својот профил на Фејсбук упати благодарност до сите кои се однесувале одговорно во текот на целиот изминат период.

„Благодарност и признание на сите оние граѓани коишто многу одговорно се однесуваа во целиот овој период на здравствената криза и коишто впрочем помогнаа состојбата да се нормализира.

Институциите на системот продолжуваат со такво едно функционирање коешто значи успешно справување со оваа криза, меѓутоа секој од нас мора да придонесе да имаме релаксирање на целата состојба околу кризата“, соопшти Спасовски.

Поврзани новости