513
Лучијано Спалети утре за првпат ќе ја води италијанската репрезентација, а своето деби ќе го има во Скопје против нашиот национален тим. Ова соочување ќе донесе и една интересна средба затоа што Спалети на другата страна ќе го има Елиф Елмас со кого имаше одлична соработка во Наполи.
-Елмас ми е како како син. Секогаш можев да сметам на него, тоа е играч од врвна класа. Во Наполи работевме постојано и мислам дека ќе имам силно чувство кога ќе го прегрнам, особено кога двајцата очекуваме победа. Станува збор за силен играч, кој ги познава нашите фудбалери -истакна Спалети.
Тој вели дека многу добро го анализирал дуелот од Палермо на кој ние успеавме да запишеме сензационална победа.