Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Битола го развиорија знамето и ја напуштија седницата

by fokus

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Битола демонстративно ја напуштија денешната седница на Советот во знак на поддршка за сопратијците кои беа притворени за нивното учество во настаните од 27-ми април и упадот во Собранието. Пред да излезат од салата, тие го развиорија македонското знаме пред говорницата во Советот на Битола.

Денеска на дневен ред на петтата седница на Советот на општина Битола е одлука за определување на надомест на трошоците за избори на учесниците во изборната кампања од чии листи се избрани и од чии листи не се избрани кандидати за членови во Советот, односно кандидат за Градоначалник на Општината Битола на локалните избори октомври 2017 година.

Во салата останаа советниците од мнозинството и двајцата советници од ПОИНАКУ.

Фото: Тера ТВ

Поврзани новости