Крадец му го испразнил сефот на прилепчанец, се стекнал со 70.000 евра

by fokus

Во куќа сопственост на 47-годишниот М.Г. во Прилеп вчера помеѓу 19.00 и 22.30 часот била извршена тешка кражба. Според информации на полицијата крадецот влегол во подрумот на куќата, пронашол и отворил метален сеф, кој го испразнил, и заминал во непознат правец.

При кражбата одземени се евра, австралиски и американски долари, швајцарски франци и фунти, се во вредност од 2.160.000 денари, како и разновиден златен накит во вредност од околу 2.200.000 денари. Извршен е увид на место на настанот, се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

Поврзани новости