Советник од ВМРО во Лозово премина во ДОМ

by Фокус

Советникот од општина Лозово од листата на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Стојановски, премина во редовите на ДОМ, соопшти партијата.

Во соопштението се наведува дека членови од раководството на партијата, заедно со пратеничките Лилјана Поповска и Маја Морачaнин, остварија средба со новиот советник и со раководството на општинската организација на ДОМ во Лозово.

„На средбата на која присуствуваше и новиот градоначалник на Лозово Ацо Велковски се разговараше за развојот на општината и приоритетните инвестиции што се планираат да се направат во системите за наводнување и водоснабдување како и други можности за локален економски развој“, соопштија од ДОМ.

Поврзани новости