Кичевчанец остана без палец, се самоповредил со троблон

by Фокус

Доктор од кичевскиот медицински центар до полицијата пријавил дека донесено било повредено лице во пределот на левата рака, на која имал повреда и му бил откинат палецот.

„Од страна на полициски службеници од Полициска станица – Кичево утврдено е дека се работи за И.С.(21) од с.Другово-Кичево, кој се самоповредил во гаражата во сопствената куќа со маневарски куршум, кој бил заглавен во метална цевка (троблон). При обид да го извади куршумот, со штрафцигер удрил во чаурата, при што од издувните барутни гасови дошло до повредување. Поради сериозноста на повредите истиот со возило на Медицински центар -Кичево е пренесен во Ургентен центар -Скопје, заради понатамошно лекување“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител од Основно јавно обвинителство -Кичево и увидна екипа од Кичево.

Поврзани новости