Јанакиески: СЈО врши повреда врз моите права и политичка дискриминација

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ денеска до медиумите достави допис од поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој од Специјалното јавно обвинителство е обвинет во неколку случаи, меѓу кои и во случајот Космос, за што што Апелацискиот суд одлучи дека „бомбите“ може да се користат како доказ во судска постапка.

„Со оглед на тоа што ми беше оневозможено да се произнесам во судница се чуствувам повикан јавно да реплицирам на скандалозниот настап на обвинителите од СЈО, кои уште еднаш потврдија дека нивното дејствување е политичко и нема никакви допирни точки со правото и правдата. Би потсетил дека токму СЈО јавно на прес конференција тврдеше дека брутално биле кршени човековите права на граѓани на Македонија како резултат на повеќегодишно незаконско следење на комуникации при што изнесе дека наводно еден од моите телефонски броеви бил следен 732 дена, друг 573, трет 816 дена. Иако од нив никогаш не сум добил официјално известување колкав е обемот на материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации за кои тврдат дека се мои, по моја слободна проценка врз основа на јавно објавените податоци од СЈО, најверојатно се работи за над 100.000 разговори во кои спаѓаат и разговори на мојата сопруга, која го користи еден од телефонските броеви за кои СЈО вели дека биле незаконски прислушкувани. Би ги запрашал претставниците на СЈО, зарем не е повреда на правото на приватност и семеен живот прислушкувањето на моите и на разговорите на мојата сопруга, направено надвор од било каква законска процедура? , пишува Јанакиески.

Тој истакнува дека СЈО направи уште една повреда врз неговите права како граѓанин, вршејќи политичка дискриминација.

 

 

Поврзани новости