Советничката на Мицкоски, Косана, 10 години по смртта на сопругот Благојче: Спиете ли мирно?

by Fokus

Поранешната пратеничка на ВМРО ДПМНЕ и поранешна претседателка на УЖ на ВМРО ДПМНЕ, а денес советничка на Христијан Мицкоски, Косана Мазнева, вчера на десетгодишнината од смртта на нејзниот сопруг Благојче сподели емотивена објава.

Таа тврди дека неговата смрт настапила поради лекарска грешка и ги праша одговорните лекари и судот дали можат да спијат мирно.

-На 26.07.2009 година во 22:15 згасна животот на мојот сопруг Благојче Мазнев, татко на моите две ќерки Ана и Михаела. Денес е 26.07.2019, 22:15 часот. И после десет години од неговата смрт при кристално јасен случај –лекарска грешка, корумпираното здравство, со спрега со корумпираното тогашно и сегашно судство се уште молчи. Спиете ли мирно доктор Слободан Ристовски и доктор Виктор Камиловски? Спиеш ли мирно „часни” суде? Јас и моите деца – Не! За вас знам, ве заболе за човечки судбини! Како мојот, така и сите останати случаи ќе бдеат над сите вас, уште долги, долги години. Ова не се заборава – напиша Мазнева.

Смртта на нејзниот сопруг пред 10 години беше ударна тема во медиумите. Благоја почина на 38-годишна возраст при рутинска операција на камен во мочниот канал.

Со цел да се расветли случајот и да се дознае дали биле испочитувани медицинските протоколи и дали се работи за лекарска грешка, тогаш Министерството за здравство формираше комисија. Во тој период министер за здравство беше Бујар Османи.

Во неколку наврати тој апелираше до медиумите да не се шпекулира со можните причини за смртта на Мазнев, бидејќи тоа ќе му наштетело на процесот на истрагата.

Четири години по смртта на Благојче, Косана стапи во брак со телевизискиот снимател Мики Трајковски. На почетокот на 2014 година тие ја добија ќерката Милица.

Вики Клинчарова

Поврзани новости