СЈО: Катица Јанева нема дадено наредба за уништување на материјали!

by Fokus

Во врска со денешно објавените написи околу наводно издавање наредби за форензичко бришење или уништување на податоци во Специјалното јавно обвинителство, истите во целост ги демантираме, се вели во демантот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите(СЈО)

„Појаснуваме дека Специјалниот јавен обвинител нема дадено наредба за било какво уништување на материјали, податоци или доказен материјал во рамките на обвинителството, било истиот да е во пишана или усна форма.

Сите активности кои во континуитет се преземаат се единствено во насока на зачувување на сите податоци, информации, документи и списи кои се предмет на работењето на ова обвинителството. Водејќи се од правилата за обезбедување на безбедносни, технички и организациски мерки во делот на заштитата на целокупниот материјал кој се наоѓа во обвинителството, сочувувањето на неговиот интегритетот е од висок приоритет, и во ниту еден случај не би се дозволило по било кој основ истиот да биде доведен во опасност“, стои во демантот на СЈО.

Поврзани новости