Совет на етика: Новинарите мора да бидат ослободени од закани и притисоци

by Fokus

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува последниот случај кога екипа на ТВ Шења била попречена во известување за комунални проблеми во општина Чаир од симпатизери на ДУИ и повикува на преземање на неопходните мерки за расчистување на ваквите случувања.

– Безбедноста на новинарите мора да биде ослободена од какви било закани и притисоци, а државата, во согласност со член 10 од Европската конвенција за човекови права, е одговорна за преземање на сите активни мерки со цел да се создаде и одржува поволна клима за слобода на изразување – се наведува во соопштението.

Според нив, ваквата одговорност произлегува и од препораките на Комитетот на министри на Советот на Европа околу заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите и другите медиумски актери.

Поврзани новости