Сопружници од Демир Капија, први случаи на корона вирус во општината

by Fokus

Брачен пар од Демир Капија е позитивен на корона вирус. Станува збор за маж на возраст од 60 и жена на возраст од 54 години.

Веста дека во Демир Капија е регистриран првиот инфициран пациент денес ја потврдија од Министерство за здравство.

Во меѓувреме, за ,,Фокус” од Центар за јавно здравје Кавадарци информираат дека денес пристигнал резултатот и од тестот на сопругата на инфицираниот, кој исто така е позитивен.

-Сопружниците имаат симптоми, тешко дишење, треска… Според последната информација, тие веќе треба да се пренесени во Велес, на Инфективно одделение- известуваат од таму.

Поради близок контакт со заболените сопружници, 11 лица од Демир Капија биле сместени во самоизолација.

Од центарот потврдија дека сопружниците се движеле низ општината последниот период и имале повеќе контакти. Мажот се тестирал на 21-ви април во Штип, а жената наредниот ден, односно на 22-ри април.

Вики Клинчарова

Поврзани новости