341
Итна медицинска помош вчера пријавила во полицијата дека во станот на двајца сопружници во Прилеп била пронајдена почината И.Н.(76) со прострелна рана во главата, додека во заедничката просторија од зградата пронајден бил починат и нејзиниот сопруг М.Н. (81).
„За време на увидот во станот бил пронајден пиштол „Застава“ калибар 9 мм, кој со дозвола го поседувал М.Н., потоа една испукана чаура, една празна рамка и една рамка со два куршуми“, соопштија од полицијата.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција.