Сопругот ја онесвестил од ќотек и го земал и нивното дете

by Fokus

Триесет и тригодишна жена била претепана од својот сопруг пред очите на нивните деца, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 19,30 часот М.С.(33) пријавила дека истиот ден околу  14,00 часот во нејзиниот дом во с.Кондово од страна на нејзиниот сопруг С.А.(36) била физички нападната, при што истиот ја влечел за коса и ја удирал со раце по главата, лицето и телото. Потоа С.А. го зел нивниот осум годишен син и излегол од домот, а М.С. изгубила свест и нејзините две малолетни деца побарале помош од соседите по што била повикана Итна медицинска помош и таа била пренесена во Градската општа болница“8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости