Кривична за лажниот бомбаш кој дигна паника пред судот додека се изрекуваше пресудата за Диво насеље

by fokus

Кривична пријава за „загрозување на сигурноста“ е поднесена против 57-годишниот Е.И., лажниот бомбаш за кој се претстоставуваше дека има појас од експлозив околу половината поради што беше приведен од полициските службеници. Е.И. дигна паника пред судот со појасот од петарди за време на изрекување на пресудата за обвинетите од Диво насеље.

Како што информираат од полицијата, истиот ден на втори ноември, пред да се појави пред судот, Е.И. прво отишол во адвокатска канцеларија лоцирана на улица “Битпазарска“. На вработена во канцеларијата и оставил лист со испишана заканувачка содржина и пеш се упатил кон објектите на Апелационен и Врховен суд на Република Македонија, каде се изрекувале пресуди на обвинети во судски процес.

Откако Е.И. пристигнал пред Врховен суд, полициските службеници забележале дека истиот околу појасот има залепено прачки кои наликувале на импровизирана експлозивна направа, кои всушност биле петарди, додаваат од полицијата.

Поврзани новости