Пензионери измамени со осмислено сценарио од препродавач на огнени дрва

by fokus

Пензионери биле измамени од препродавач на огнени дрва кој осмислил сценарио за да им ги земе парите. 76-годишната П.В. пријавиле дека вчера во 15.30 часот од страна на непознато лице била измамена при што и биле одземени 6.000 денари.

Откако непознатото лице дошло во нејзиниот дом на ул.“Франц Лист“, тој на неа и на нејзиниот сопруг им понудил набавка на огревни дрва по цена од 2.000 денари, по што се договориле сторителот заедно со нејзиниот сопруг да одат на ул.“Благоја Стевковски“ на плац за да ги видат дрвата.

По извесно време лицето се вратило само, без нејзиниот сопруг, и и рекло на оштетената дека се договориле нејзиниот сопруг, кој наводно бил на плацот да ги купи и донесе дрвата, а таа на него  да му даде 6.000 денари. Откако П.В. му ги дала парите, лицето си заминало, а по кратко време се вратил и нејзиниот сопруг кој и појаснил дека бил оставен да чека во близина на Кино Маџари и воопшто не бил однесен на плац за дрва, ниту пак биле донесени наведените дрва во нивниот двор.

Од полицијата се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости