Сончево време со температури до 17 степени

by fokus

Во најголем дел од Македонија денеска  ќе преовладувва сончево и релативно топло време, со мала до умерена облачност.

По котлините, особено долж Повардарието, ќе биде постудено со појава на утринска магла, која попладне ќе слабее. Во западните делови ќе дува слаб западен, а во југоисточните слаб северен ветер.

Утринските температури се движеа од минус 2 до 0, а максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 9 и 17 Целзиусови степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Магливо и тивко, попладне видливоста ќе се зголеми, а температурата ќе достигне до 9 степени.

Поврзани новости