Сончево време, со слаб ветер

by fokus

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информираше УХМР.

„Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер“, се вели во соопштението.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а дневната од 12 до 18 степени.

Во неделата кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h).

Поврзани новости