Најмалку 60 загинати во терористичкиот напад во Москва

by fokus

Бројот на загинати во вчерашниот терористички напад близу Москва порасна на 60, а 145 луѓе се ранети.

Одговорноста за нападот во концертната сала „Крокус“ ја презеде Исламска држава, која кажа дека напаѓачите успеале да избегаат.

Најмалку четворица напаѓачи пукаа во цивилите во салата пред почетокот на концертот на руската рок група „Пикник“, која требало да настапи пред 6.200 фанови.

Руските истражители кажаа дека се убиени најмалку 60 луѓе, но предупредија дека бројот на мртви би можел да расте.

Поврзани новости