171
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Следува период на претежно стабилно време.
До недела ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен северен ветер.