Сончево, но постудено време

by Фокус

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, вели временската прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.

И во Скопје времето денес ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Минималната утринска температура ќе биде -3 степени колку што изнесува во Маврово, а максималната очекувана температура е околу 19 степени на југот од земјата.

Во Скопје утринската температура е 4 степени, а за дневната се очекува да достигне 17 степени.

Поврзани новости