Сончево и ветровито со температура до 36 степени

by Fokus

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, а попладне повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 33 степени.

Во наредните денови следува период на претежно стабилно време со постепен пораст на дневните температури.

Поврзани новости