Сончево и топло

by valentina 07:29
07:29

Денеска времето ќе биде топло и сончево, со температури од 18 до 23 степен. Од УХМР велат дека претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а во текот на денот покрај сончевото време во некои делови од државата ќе има и мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има слаба маглa. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Утре минимална температура ќе се движи од 0°C до 6°C, а максималната од 17°C до 23°C.

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Слични вести