Сончево и релативно топло, кон крајот на денот дожд и силен ветер

by Fokus

Сончево и релативно топло – вакво време, според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) – нè очекува денеска во земјава. Ќе има мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а во западните делови од земјата засилен југозападен ветер.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта, пак, УХМР најавува дожд, локално проследен со ретки грмежи и силен ветер од над 70 километри на час.

Минималните температури во земјава денеска ќе се движат во итнервал од -1 до 6 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 10 до 21 степен.

Времето во Скопје ќе биде сончево и до умерено облачно. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекува дожд кој повремено ќе биде пороен и проследен со силен ветер.

Врнежите од дожд, според прогнозата на УХМР, ќе продолжат и в понеделник. Дождот на места ќе биде пороен и проследен со грмежи, особено во претпладневните часови, а на повисоките планини можни се врнежи од снег.

Поврзани новости