Русија го нападна Киев и Лвов си ракети и дронови

by Fokus

Русија денеска лансираше 57 проектили и дронови кон Украина, при што мета беа и Киев и Лвов, додека полската војска објави дека една крстосувачка ракета на кратко го нарушила воздушниот простор на Полска. Украинските воздушни сили кажаа дека уништиле 18 од 29 испукани проектили и 25 дронови.

откако противвоздушната одбрана соборила десетина проектили над главниот град и во неговата околина, изјави шефот на воената управа на Киев, Серхиј Попко. Тој додека дека е причинета минимална штета.

Еден од руските проектили лансирани кон западниот регион Лвов на кратко навлегол во воздушниот простор на Полска, поради што полските сили биле ставени во состојба на зголемена готовност.

Објектот влезе во полскиот воздушен простор близу градот Осердов и остана таму 39 секунди. За време на целиот лет беше набљудуван од воените радарски системи“, објави полската војска на Икс.

Таа претходно кажа дека полски и сојузнички авиони биле активирани за време на нападот за да се осигура безбедноста на полскиот воздушен простор.

Поврзани новости