Собраниската седница продолжува утре во 12

by fokus

Нешто пред 19:30 часот, претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина собрансиката седница на која треба да се изгласа новата влада на чело со Зоран Заев. Седницата ќе продолжи утре во 12 часот, а владата треба да биде изгласана до полноќ.

Денешниот ден во Собранието помина во релативно мирна атмосфера, која беше нарушена кога пратеникот Влатко Ѓорчев дојде на говорницата, иако претседателот на Собранието не му даде збор. По пауза од еден час, седницата продолжи.

Претходно, мандатарот Зоран Заев во експозето ја презентираше владината програма.

Поврзани новости