Шилегов до пратениците кои ги отворија вратите: Ултра непочитувани вратари и убијци, јас нема да ви простам

by fokus

Пратеникот Петре Шилегов зеде збор од собраниската говорница кој го започна со: Почитувани граѓани, почитуван претседател на Собранието, почитуван колега Ѓорчев и ултра непочитувани вратари, насилници и убијци. Потоа се обрати на граѓаните и на сите оние борци за слобода.

-Ви благодарам за секоја секунда што ја поминавте со нас на улиците, во борбата за слобода. Ја имате мојата најголема почит и наглон до земја. Ви се обрајаќам од говорница од македонското собрание, од Македонија која сега е слободна и демократска.
За разлика од другите, јас нема да простам на оние кои пратија луѓе да не убијат. Не затоа што ги отворите вратите, не затоа што пративте насилници да не убијат, туку затоа што во касарната во Ѓорче Петров не не ни прашавте како сме. Се простува на луѓе, не на нелуѓе, рече Шилегов.

Тој дополни дека нема да има реваншизам, но одговорност мора да има и секој мора да одговара за она што го направил.

Поврзани новости