Собраниска расправа за декларацијата за Украина: Безобѕирен руски напад

by Фокус

Собранието попладнево попладнево почнува расправа за декларацијата за поддршка на Украина и за осуда на воената агресија од Русија. Документот е насловен „Декларација на Собранието за осуда на политиките кои го доведуваат во прашање постоењето на европските држави и поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“.

Меѓу парламентарните партии во најголем дел има усогласеност за донесување на декларацијата. Предлог-декларацијата завчера требаше прво да се разгледува во Комисијата за надворешни работи, ама беше одложена поради тоа што не беше се уште преведена и на албански јазик.

„Најостро осудувајќи го безобѕирниот руски напад врз Украина, како чин на агресија којшто го доведува животот на безброј цивили во опасност и во насока на поголема и посилна европска интеграција, заштита на европскиот и светскиот правен поредок заснован на Повелбата на ОН, Завршниот акт од Хелсиншки и другите европски безбедносни и демократски институции.

Свесни дека мирот и заемниот соживот се единствениот начин да се зајакнат демократските темели на државата и на општеството, апелираме до сите политички чинители за одговорно однесување и воздржување од потпалувачки говор и ширење дезинформации кои се спротивни на националните интереси на државата, имајќи предвид дека сме членка на НАТО“, стои во декларацијата.

Македонскиот државен врв и опозицијата го осудија рускиот напад на Украина, а земјава се приклучи на санкциите на ЕУ кон Москва.

Поврзани новости