Таравари го спореди Фрчкоски со Груевски и Милошевиќ: Тој е обичен фашист

by Фокус

Алијанса за Албанците оценува дека указот на претседателот Стево Пендаровски за упатувањето на Љубомир Фрчкоски во Мисијата на Македонија во ОН во Њујорк е невиден дипломатски скандал и навреда за повеќето граѓани.

-Како идеолог на СДСМ и поранешен министер за полиција, Фрчкоски ги користеше истите методи на прислушување како Груевски и беше сценарист на масакрот на Бит Пазар, аферата со оружје и многу други епизоди на газење на Албанците, за кои никогаш не е одговорено – рече Арбен Таравари, генерален секретар на АА.

Второ, додава тој, Фрчкоски е познат и како албонофоб и обичен фашист.

-За време на војната во 2001 година, тој ги шири геноцидните тези на Милошевиќ, повикувајќи на протерување на Албанците преку Јадранот. Последниве години тој јавно ги опишува Албанците како племиња, додека декларацијата на албанските политички партии во 2017 година ја цитираше, цитирам, простете ми за изразот, како гомна платформа – рече Таравари.

Според него, Фрчкоски е персона нон грата или непожелен во САД.

Поврзани новости