Собранието со 93 гласа избра нова директорка на ОТА

by Фокус

По речиси три месеци без прв човек, Оперативно техничката агенција (ОТА) од денеска има нов директор откако Собранието ја избра Марија Јаническа на оваа функција.

Од вкупно 93 пратеници, колку што беа присутни во пленарната сала на законодавниот дом кога се одлучуваше по оваа точка на дневниот ред, сите гласаа за изборот на Јаническа, а таа ја доби поддршката од пратениците според Бадентеровиот принцип.

Претходно, собраниската Комисија за изборите и именувањата едногласно го усвои предлогот таа да биде избрана за директорка на ОТА, а за предлогот минатата недела за дискусија не се јави ниту еден пратеник, како од власта така и од опозицијата.

Поврзани новости