Собранието на 22 декември ќе расправа за референдумот побаран од Љупчо Палевски

by Fokus

Една недела пред убиството на Панче Жежовски (74) од Велес и 12 дена пред грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска (14), осомничениот за двојното убиство – Љупчо Палевски, во својство на граѓанско лице, доставил до Собранието предлог за референдум.

Информациите се дека точката е ставена на дневен ред на седницата закажана за 22 декември годинава, а со истата се предлага задолжителен референдум на државно ниво за целата територија со референдумско прашање: „Дали сте за Договорот меѓу Република Македонија и Република Бугарија склучен на 1 август 2017“.

Сепак, за да се распише референдум, потребно е да се соберат 150.000 потписи.

Поврзани новости