383
На вчерашната седница на Собранието на која во фокусот беше изборот на специјалната обвинителка Катица Јанева, незабележано беше константирана и оставката на министерот за информатичко опшество и администрација, Иво Ивановски. Тој во август најави дека ќе си даде оставка. Причина е неговото заминување во Бугарија, каде ќе биде директор на меѓународна приватна компанија.
Иво Ивановски беше министер за информатичко опшество (на кое подоцна беше додадена и администрација) од 2008 година, кога и прв пат се отвори овој ресор.
Се уште не се знае кој ќе биде нов министер за информатичко опшество и администрација, но заменик-министерот за овој ресор ќе биде по предлог на опозициската СДСМ.