Се заканил на Фејсбук дека ќе ја нападне ќерка му на Вучиќ, па го осудиле на 8 месеци затвор

by fokus

Апелациониот суд на Србија го осуди на осум месеци затвор Милован Раониќ (29) по обвининие дека лани во декември преку Facebook ја загрозил безбедноста на тогашниот премиер, сега претседател на Србија, Александар Вучиќ, со закана дека ќе ја нападне ќерка му.

Со оваа правосилна пресуда, Апелациониот суд ја потврди првостепената одлука на Врховниот суд во Белград од февруари годинава.

Во пресудата се наведува дека Раониќ е осуден бидејќи на 5 декември, 2016 година ја загрозил безбедноста на Владата на Србија и Александар Вучиќ, со закана дека ќе го нападне животот и телото на негово блиско лице, преку заканувачка порака објавена на Facebook.

По заканата, мерките за безбедност на претседателот на владата и членовите на неговото семејство биле подигнати на највиско ниво, стои во пресудата.

По апсењето на Раониќ српските медиуми објавуваа дека тој претходно бил осудуван за кражба на возила и дека на социјалната мрежа се криел зад псевдонимот „Дете Партизана “.

Поврзани новости