Со возило удрил во пешак и побегнал

by Fokus

Непознат возач удрил во пешак во Тетово и побегнал од местото, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 17.40  часот на кружниот тек на улиците „Илинденска“ и „172“ во Тетово, засега непознато возило удрило во пешакот О.О. (76) од село Пирок, тетовско, по што го напуштило местото. Притоа, О.О. се здобил со повреди и со друго возило бил пренесен и задржан на лекување во тетовската клиничка болница.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото и за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости