Со трактор сакал да прегази полицајци

by fokus

Дрвокрадец успеал да избега откако со трактор се обидел ги прегази полицајците кои го запреле.

-На 08.09.2018 година околу 13.30 часот на земјен пат од село Џепчиште, тетовско кон место викано „Џинов камен“ атар на село Џепчиште, од страна на полициски службеници биле сопрени два трактора натоварени со огревно дрвом а управувани од  Х.С. и Б.И.(47) двајцата од село Џепчиште. Откако истите биле сопрени, Х.С. искористувајќи погоден момент со задното тркало од тракторот удрил двајца полициски службеници, по што се дал во бегство. Во Полициска станица се приведени Б.И. и А.Ш.(54) од село Јажинце. Се преземаат мерки за пронаоѓање на Х.С. и целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.

Поврзани новости