Американскиот сенатор Џонсон: И да не се согласувате со договорот за името излезете на референдумот

by fokus

Американскиот сенатор и советник на Доналд Трамп, Рон Џонсон, утринава се сретна со премиерот Зоран Заев, по што ги повика ги повика сите македонски граѓани да излезат да гласаат на референдумот на 30 септември.

Тој рече Договорот од Преспа е единствениот начин Македонија да влезе во НАТО.

-Исклучително важно е за Македонија и Грција да го решат спорот за името. Имаме двајца храбри лидери, двајца премиери, кои се најдоа во тешка позиција. Ние сигурно сакаме да го поддржиме решението на овој проблем и тоа е единствениот начин Македонија да влезе во НАТО. Би сакал Македонија да стане 30. членка на НАТО. Тоа е многу важно за НАТО и за безбедноста на балканскиот регионот и на Македонија. Ги охрабрувам сите Македонци да излезат да гласаат на референдумот, без разлика дали се согласуваат или не со договорот, мора да излезете да гласате и да им покажете на вашите лидери што чувствувате. Неверојатно важно е да излезете да гласате, изјави Џонсон.

Поврзани новости