Со солзи во очите и со голем аплауз вработените во Министерство за финансии го испратија Тевдовски

by fokus

Вработените во Министерство за финансии со огромен аплауз го испратиле довчерашниот министер за финансии, Драган Тевдовски, кој беше разрешен од функцијата со мнозинство гласови во Собранието.

Неговиот поранешен советник, Бранимир Јовановиќ, кој си замина од Министерството само неколку месеци претходно, ги објави реакциите на дел од службениците во Финансии.

„Денес Драган замина како што му доликуваше. Со огромен аплауз и со емоции кај повеќето од вработените. Мислам дека тој кабинет никад нема да се повтори. Човечноста пред сѐ” 

„Се поздравивме денес. Прати маил до сите. Се заблагодари за соработката и кажа дека од 10 ч. ќе биде во бифе. Дојдов на работа само за да се поздравам со Дракче.”

„Сите плачевме денес. Кога влезе на 10ти во бифето, 5 минути без престан ракоплескавме. За никој не било вака во мои 20 години во министерство.”

„Дел од пораките кои ми ги пратија денеска поранешните колешки и колеги од Финансии. А јас само ќе кажам дека ми беше чест што бев дел од тој тим. Идемо даље!“, напиша Јовановиќ на својот фејсбук профил.

Тевдовски изминативе месеци предводеше неколку економските реформи како прогресивното оданочување, зголемувањето на социјалната помош, повратот на ДДВ, а неговиот мандат го заврши со раст на БДП од 4,1 отсто. За време на собраниската дебата и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ искажаа почит кон него нарекувајќи го еден од малките чесни функционери. Заев најави дека придонесот на Тевдовски во Владата ќе продолжи така што ќе му биде советник, но Тевдовски изјави дека се враќа на Економскиот факултет.

Поврзани новости