556
Со само 19 гласа разлика, Никола Андонов од СДСМ го победи противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Николчо Стоилков, и стана новиот градоначалник на Ново Село.
Според официјалните податоци на ДИК, Андонов освои 2.885 гласови, а Стоилков 2.866. Бројот на неважечки ливчиња пак е 104.
Во Охрид победата ја однесе досегашниот вршител на должноста Константин Георгиески кој освои 16.523 гласа, наспроти противкандидатот од ВМРО ДПМНЕ Митре Милошевски со 12.668 гласа.