Столтенберг му честиташе на Пендаровски: Со нетрпение чекам да работам со вас!

by fokus

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, му ја честиташе победата на новиот претседател на Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Шефот на Северноатлантската алијанса преку Твитер му честиташе за победата.

„Честитки до Стево Пендаровски за победата на претседателските избори, со нетрпение чекам да работам за вас за прием на Северна Македонија како триесетта членка на НАТО“, напиша Столтенберг.

Поврзани новости